Насоки за нарачка, плаќање и рокови за изработка:
За сигурна и навремена обработка на вашите производи, ве молиме внимателно да ги следите дефинираните временски рокови. Почитувањето на овие термини овозможува брза автоматизација во производниот процес.
-
Време за нарачка и фајлови: Нарачката и соодветните графички фајлови за печат мора да бидат испратени најдоцна до 10:00 часот во тековниот ден.
-
Рок за плаќање: Уплатата на средствата (преку Visa или MasterCard) треба да се финализира најдоцна до 10:30 часот во истиот ден.
-
Промена на рокови: Секој испратен фајл или извршена уплата по наведените часови, автоматски го поместува терминот за изработка за следниот работен ден.
-
Време за подигнување: Датумите прикажани на екранот го означуваат времето кога производот е финално готов и може да се подигне од Polyesterday - Визбегово.
-
Опција за достава: Доколку при нарачката изберете опција за достава, означениот датум го гарантира исклучиво времето кога пратката е подготвена и предадена за достава, но не го предвидува соодветното време на пристигнување до вашата адреса.
-
Забелешка за промотивни цени: Промотивната цена наведена на банерот (визуелното решение) е изразена без вклучен ДДВ. Финалната цена со пресметан данок автоматски се прикажува при додавање на производот во кошничката.
Викенди и државни празници: При пресметката на роковите за изработка се земаат предвид исклучиво работните денови (сабота, недела и официјалните државни празници во Македонија не се вклучени во производниот процес).
Како да ги подготвите фајловите за печат?
Прикачете го вашиот дизајн во PDF (препорачано) или слика во соодветниот формат 1:1 со висока резолуција (300 DPI):
- Векторски елементи: Сите фонтови во PDF фајловите мора да бидат претворени во криви (outlines).
Не сте сигурни за квалитетот на фајлот? Без грижи — наведете како забелешка, прикачете го тоа што го имате, а нашиот тим бесплатно ќе го провери пред изработка!
Внесете го вашиот бренд во срцето на празничната магија преку совршено балансиран деловен пакет! Започнете ја празничната промоција со вистинскиот избор на канцелариски материјали кои се секојдневно корисни за вашите клиенти и соработници. Овој проширен напреден новогодишен сет е идеален начин да покажете внимание и професионализам, осигурувајќи долготрајна визуелна присутност на вашиот бренд во текот на целата нова година.
Со врвен квалитет на димензионален печат гарантиран од печатницата Polyesterday, вашите графички решенија и официјално лого ќе блеснат во живи бои и висока фото-резолуција. Сите елементи во пакетот се внимателно селектирани за да понудам максимална функционалност, брз онлајн процес на нарачка и висока економска исплатливост за вашиот буџет.
Пакетот содржи:
- 500 персонализирани премиум пенкала
- 500 долготрајни запалки
- 500 календар за биро (триаголник)
- 250 луксузни деловни тефтери
- 250 ѕидни календари Б2 формат
- 200 уникатни магнети 9 x 5 cm
Производ: Персонализиран новогодишен промотивен пакет решенија.
Карактеристики на пенкала: Висококвалитетно и ергономско пластично куќиште Comfy во бела боја со хромирани акценти, опремени со специјално и долготрајно брзосушечко мастило од Индија за врвно и мазно искуство при пишување, еднострано брендирање и димензии на пенкалото 9 x 137 mm.
Карактеристики на запалки: Пластично/метално куќиште тип P2 во бела, црвена, сина или жолта боја, еднострано брендирање и димензии 24 x 80 x 8 mm.
Карактеристики на календари за биро: Календар за биро (триаголник) во А4 отворен формат со 2 страни по 6 месеци, отпечатен на 300g трослојно коутиран Fedrigoni Construct премиум картон со еднострано фул-колор дигитално печатење во висока резолуција.
Карактеристики на тефтери: Практичен деловен А5 формат (148 x 210 mm) со фини корици од 300g сјајна или мат хартија и еднострано црно-бело печатење на внатрешните страници од 80g офсет хартија, со луксузна сјајна или мат ламинација на кориците и поврзување со сигурно топло лепење.
Карактеристики на ѕидни календари: Голем деловен Б2 формат (485 x 690 mm), отпечатен на 135g висококвалитетна трослојно коутирана Fedrigoni Construct хартија со еднострано прецизно колор печатење.
Карактеристики на магнети: Максимална димензија 90 x 50 mm со форма по сопствен избор, изработени од 350g мат кунструк со еднострана сјајна ламинација аплицирана на цврста магнетна фолија со дебелина од 1.4 mm, со високопрецизно дигитално сечење по зададена патека.
Понуда: Наведената цена се однесува за единечна подготовка на печат за наведените количини во пакетот од еден модел, без можност за комбинирање на повеќе различни дизајни во истата серија.