Насоки за нарачка, плаќање и рокови за изработка:
За сигурна и навремена обработка на вашите производи, ве молиме внимателно да ги следите дефинираните временски рокови. Почитувањето на овие термини овозможува брза автоматизација во производниот процес.
-
Време за нарачка и фајлови: Нарачката и соодветните графички фајлови за печат мора да бидат испратени најдоцна до 10:00 часот во тековниот ден.
-
Рок за плаќање: Уплатата на средствата (преку Visa или MasterCard) треба да се финализира најдоцна до 10:30 часот во истиот ден.
-
Промена на рокови: Секој испратен фајл или извршена уплата по наведените часови, автоматски го поместува терминот за изработка за следниот работен ден.
-
Време за подигнување: Датумите прикажани на екранот го означуваат времето кога производот е финално готов и може да се подигне од Polyesterday - Визбегово.
-
Опција за достава: Доколку при нарачката изберете опција за достава, означениот датум го гарантира исклучиво времето кога пратката е подготвена и предадена за достава, но не го предвидува соодветното време на пристигнување до вашата адреса.
Викенди и државни празници: При пресметката на роковите за изработка се земаат предвид исклучиво работните денови (сабота, недела и официјалните државни празници во Македонија не се вклучени во производниот процес).
Како да ги подготвите фајловите за печат?
Прикачете го вашиот дизајн во PDF (препорачано) или слика во соодветниот формат 1:1 со висока резолуција (300 DPI):
- Векторски елементи: Сите фонтови во PDF фајловите мора да бидат претворени во криви (outlines).
Не сте сигурни за квалитетот на фајлот? Без грижи — наведете како забелешка, прикачете го тоа што го имате, а нашиот тим бесплатно ќе го провери пред изработка!
Кога принтот има поголема емотивна вредност од дигиталното! Претворете ги вашите дигитални фотографии во вреден спомен кој со задоволство ќе го прелистувате. Нашите омилени моменти често остануваат заборавени во галериите на уредите, па затоа фото албумите се совршен начин да им дадете физички облик на вашите најубави приказни. Без разлика дали станува збор за прекрасни моменти од свадба, првите денови на вашето новороденче, незаборавни патувања или весели школски денови, овие уникатни книги се идеален подарок за посебни пригоди и најубав начин да ги чувате спомените секогаш близу до вас.
Во печатницата Polyesterday со задоволство го ставаме нашиот комплетен капацитет во служба на вашите најдраги моменти, гарантирајќи прецизна изработка на секоја страница. Фотографиите се печатат на висококвалитетна хартија од 170 грама со светла и мазна површина која им дава совршен изглед, длабочина и живописност на боите. Тврдите и цврсти корици му даваат ексклузивен изглед на албумот и долгорочно ги заштитуваат вашите спомени од времето, а вие имате комплетна слобода да изберете сопствен наслов или омилена фотографија за предната корица.
Производ: Персонализирани фото албуми (фото букови) со тврди корици.
Димензии: Избор од две стандардни квадратни димензии: 20x20 cm и 22x22 cm.
Број на страници: Опции за избор од 36 страници, 48 страници, 64 страници или 72 страници.
Тип на хартија и корица: Висококвалитетна хартија од 170 грама со светла површина за внатрешноста и ексклузивна тврда корица за максимална заштита.
Достава: Брза достава низ Македонија (според дефинираните рокови).