ploter@polyesterday.com.mk
Инструкции за подготовка и печатење на фајл
За печатење на материјали на широк формат, најдобрата резолуција за фајловите во сооднос 1:1 е 150 dpi.
Испратете ни PDF, JPEG или TIFF фајл.
Фотографиите на канвас се омилена уметничка форма поради нивната прилагодливост и дизајнерски потенцијал. За разлика од уметничките слики, отпечатените фотографии на канвас се лесни и може да опфатат разни слики за пристојни цени. Сега, вашите омилени фотографии и репродукции можете да ги испечатите и да ги добиете затегнати на дрвена рамка, спремни за на ѕид. Димензиите на канвасот оптегнат на рамка се движат од 20 до 150см. Сите достапни димензии можете да ги одберете во полињата со димензии Полиестердеј е лидер во изработката на фотографии на канвас во форми и димензии според димензиите на рамките. За да создаде високо квалитетни фотографии на канвас, Полиестердеј користи печатачи коишто даваат идеално засенчување, јасно изразени детали и бои. На овој начин вашите отпечатени материјали засекогаш ќе останат уникатен и посебен декор во вашиот дом или канцеларија.
Полиестердеј изработува беспрекорни фотографии на канвас оптѕегнати на дрвена рамка, коишто веднаш може да ги закачите на ѕид. Изберете го вашиот дизајн и уживајте во крајниот производ. Полиестердеј инвестираше во врвна технологија која дава исклучителни резултати во печатењето на фотографии на канвас. Сите фајлови треба да бидат во резолуција најмалку 150 dpi.
Испораката се врши за неколку дена. За повеќе информации околку графичките фајлови, времето на испорака или нарачката ве молиме контактирајте нé на ploter@polyesterday.com.mk
Are you sure about this?